Во рамките на конгресните денови од 8-ми до 11-ти јуни, 2006 година, во организација на Скопски Саем, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид ќе се одржи саем на КОЗМЕТИКА И УБАВИНА.
Ова се наметна како идеја бидејќи, неспорен е фактот дека здравјето и убавината се една нераздвојна целина, а сето тоа е во интерес и функција на поквалитетен живот.
Концептот на саемот опфаќа неколку целини во кои излагачите ќе ги претстават најновите достигнувања од областа на КОЗМЕТИКА, ФЕР ФЕШН, ВЕЛНЕС/ФИТНЕС, СОЛАРИУМИ, ФИЗИЈАТРИЈА И ПАРФЕМИ.
На самата бина, покрај останатите содржини, ќе се реализираат и демонстрации на различни масажи, антицелулитни програми, третмани за зацврстување на телото, како и модни ревии.
Планирана е организирана посета со учесниците на конгресот, одржување на симпозиум и стручни средби на доктори кои непосредно се занимаваат со тематиката на саемот.
Поцелосни информации во врска со саемот, можете да добиете од лицето за контакт:
Игор Димитријевиќ (Скопски Саем ДОО)
тел: + 389 (0) 2 32 18 313,
мобилен: + 389 (0) 70 306 498,
e-mail: dimitrijevic@skopjefair.com.mk