|
|
 |
 |
 |
 |
Почитувани соработници,
Имаме особена чест и задоволство да Ве информираме дека во Охрид, од 08 - 11 јуни, 2006 година ќе бидеме домаќини на:
ПРВИОТ КОНГРЕС НА ФИЗИЈАТРИ НА МАКЕДОНИЈА СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
Според досегашните сознанија, во стручната работа на Конгресот, ќе земат учество еминентни стручњаци од доменот на физијатријата и медицинската рехабилитација од Македонија и другите земји од Европа и Светот.
Досегашното искуство нé обврзува да Ви овозможиме и истовремено пружиме можност, на ваков начин на Конгресот, да Ве промовираме Вас, Вашата компанија, Вачата производствена програма и сето останато што е поврзано со пропаганда и реклама на пратечката изложба или по пат на други пропагандни форми на промоција.
За сé останато, ќе добиете исцрпни информации, како и ПРИЈАВЕН ЛИСТ, од техничкиот организатор на Конгресот - Д-р Јордан Пачков:
Телефон: + 389 31 427 292, + 389 31 425 101
Мобилен: + 389 70 645 292
Е-пошта: zfmkongres@yahoo.com
Интернет адреса: http://makfiz.tripod.com
Со почит,
Д-р Јордан Пачков,
Претседател на Здружение на
физијатри на Македонија
|
 |
 |
 |
 |
Преземи
ПРИЈАВА (.doc / 49kb)
|